Во тек е третото коло од Првата женска фудбалска лига во Македонија каде што бранителот на титулата ЖФК Драгон кој летово учествуваше и на евро квалификациите за Лига на шампиони во Скопје на првенствен натпревар ремизираше против екипата на ЖФК Каменица Саса со резултат од 1:1.
Гостинската екипа со неколку засилувања од летниот преоден рок се истакнува како главен предизвикувач на скопските Драгонки во борба по шампионската титула. За домашната екипа голот го постигна Елма Шемсовиќ, додека за Каменица Саса стрелец беше Марјана Нацева. До крајот на шампионатот ќе се води борба помеѓу двете екипи за тронот на женскиот македонски фудбал.



