Македонија дебитира на Европско првенство и очекувањата се барем да се прикаже во најдобро свое издание и покрај на моменти одличните настапи сепак запишавме три порази, а последниот од европскиот првак Русија со резултат од 3:0 по четвртини (25:15, 25:16 и 30:28).
Токму во третиот сет македонските одбојкари и пружија најсилен отпор на Русија , но иако имавме сет можности да поентираме сепак искуството пресуди и завршивме со максимален пораз. Сепак третиот сет е патоказ и урнек како да се одигра против Белорусија која ние следен противник и да ја бараме првата историска победа на едно Eвропскo првенство.



