Откако Карло Анчелоти седна на клупата на Евертон, оптимизмот во екипата скокна на повисоко ниво. Денес дојде до израз токму тоа со победата над БАрнли од 1-0. Евертон пружи многу подобра игра од својот ривал, а голот го постигна Калверт-Луин во 80. минута.
Челзи разочара уште еднаш на домашен терен откако изгуби од екипа што се бори за опстанок. Станува збор за Саутемптон кој славеше на „Стемфорд Бриџ” со 0-2. Дефанзивците на Челзи успешно го запреа Дени Ингс, но опасноста дојде од другите играчи. Стрелци на головите беа Мајкл Обафеми во 31. и Нејтан Редмонд во 73. минута. Со оваа победа, Саутемптон скокна до 14. позиција на табелата.
Во останатите натпревари од терминот во 16:00 се соочија Астон Вила – Норвич, Барнмут – Арсенал, Кристал Палас – Вест Хем и Шефилд Јунајтед – Вотфорд. Астон Вила славеше минимално со 1-0, а со иста разлика, но со различен резултат – 2-1, славеше Кристал Палас после пресврт. Арсенал ремизираше со Барнмут 1-1, а со истиот резултат заврши и натпреварот во Шефилд.



