На полните трибини на „Гудисон Парк“ во Ливерпул, Евертон ја дочека екипата на Кристал Палас во рамките на 26. коло од Премиер Лигата. Домаќините дојдоа до водството во 18. минута откако Бернард постигна погодок. Шест минути по стартот на вториот дел, Бентеке израмни на 1-1, а веќе во 59. минута, Ричарлисон ја врати предноста на Евертон. Ова беше деветтиот гол сезонава за Бразилецот, а вкупно седми гол што го однел тимот од „Гудисон Парк“ во резултатска позитива. На две минути пред крајот, Калверт-Луин го постави конечниот резултат од 3-1 и ја продолжи серијата на Евертон од пет натпревари во низа без пораз.
Со оваа победа, Евертон скокна на седмата, а Кристал Палас остана на четиринаесеттата позиција на табелата. Двете екипи имаат натпревар повеќе во однос на конкурентите.



