Во рамките на петтото коло од втората македонска фудбалска лига, Кожуф на „Градски Стадион” во Гевгелија ја пречека екипата на Саса од Каменица.
Гостите се бранеа солидно во поголемиот дел од натпреварот. Нивната одбрана беше конечно скршена во 62. минута кога Кожуф поведе со голот на Цветан Чурлинов. Во продолжение, домаќините имаа уште неколку квалитетни шанси што не беа искористени максимално.
Гевгеличани славеа минимално со 1-0 и го запишаа својот трет триумф во низа, додека Саса го претрпе третиот првенствен пораз.
* Сликата е превземена од официјалната Фејсбук страна на ФК Кожуф



