Дербито на осмото коло од Чемпионшип го одиграа Лидс и Дерби. Во првиот дел, Лидс имаше целосна доминација и во 20. минута стигна до предност од 1-0 со автоголот на Макс Лау. Во второто полувреме, Клих имаше шанса да ја дуплира предноста на домаќините, но во 69. минута непрецизно биеше од белата точка. Сите пропуштени шанси на Лидс беа казнети во 91. минута со голот на Крис Мартин кој му донесе на Дерби значаен поен од првиот нивен шут во рамките на голот.
Нашиот интернационалец, Езѓан Алиоски го забележа стотиот настап во тимот на Биелса.



