Франција и Аргентина ги одмерија силите во највозбудливиот дуел во досегашниот тек од првенството.
Франција направи навидум недостижна предност од 20-3 во првото полувреме преку двата есеја на Фику и Дипон и четирите прецизни шутеви (две конверзии и два пенали) на Ромен Нтамак – синот на поранешниот француски репрезентативец Емил Нтамак.
Во второто полувреме, Аргентина направи одлична серија од 15-0 и успеа да поведе со 21-20 на десет минути пред крајот. Водството траеше само една минута откако Лопез со првиот дроп-гол на првенството ја врати предноста на Французите и го постави конечниот резултат од 23-21. Во последната минута од натпреварот, Аргентинците имаа пенал од педесетина метри, но шутот на Бофели заврши малку покрај десната статива.



