Менаџерот на Челзи Маурицио Сари во јануари се обиде да го доведе на ,,Стемфорд Бриџ” за 75 милиони евра фудбалерот на Калјари Никола Бареља и како што известува италијански Тутомеркаровеб тимот на Калјари ја прифатил понудата, но фудбалерот одбил да заигра за Челзи, а како причина наведил дека не сакал да се раздели од семејството. Освен лондонските сини, за овој талентиран 21-годишен фудбалер заинтересирани се и италијанските гиганти како што се Јувентус, Милан и Интер.



