Во рамките на 1/8 финалните натпревари во германскиот куп, Шалке на свој терен ја дочека екипата на Фортуна од Дизелдорф, каде што конечниот резултат гласи 4:1 за убедлива и сигурна победа на Шалке 04.
Во вториот куп натпревар од програмата се сретнаа помеѓу себе Херта Берлин против Баерн Минхен каде што по регуларните 90 минути резултатот гласеше 2:2. Херта прва дојде до водство, а стрелец беше Мителштад.
Младиот фудбалер на Баерн, Гнабри одигра одличен натпревар и сето тоа го круниса со два постигнати гола, но домашните фудбалери преку резервистот Селке ги постави конечните 2:2 по 90 минути игра. Во продолженијата каде што се играа два пати по петнаесет минути поуспешни и поконцентрирани беа гостинските фудбалери и со голот на Кинсли Коман во 98. минута го решија натпреварот во своја полза и се пласираа во 1/4 финалната фаза од купот.



