Струга и Охрид и после второто “Eзерско Дерби” го заслужија епитетот на најдоброто ракометно дерби во Македонија, на кое во моментов може да завидуваат сите. Овојпат Стружани беа во улогата на домаќини и заслужија чиста 10-ка исто како и Охриѓани за есенското дерби.
Чиста 10-ка и за ракометарите на двата тима кои во двата напревари ни понудија вистинско уживање. Наклон до под и за навивачките групи на двата тима “Паткари” и “Рибари” кои направија фантастична атмосфера како да се игра меч од Лигата на шампионите давајќи им поддршка на своите играчи. Притоа немаше ни еден ни најмал инцидент на двата дуели што докажува дека може и во Македонија може да има дерби КАДЕ ПОБЕДУВА СПОРТОТ.

ДО НАРЕДНОТО ЕЗЕРСКО ДЕРБИ, БРАВО ЗА СТРУГА, БРАВО ЗА ОХРИД, БРАВО ЗА ПАТКАРИ, БРАВО ЗА РИБАРИ – БИДЕТЕ ГОРДИ ЗАТОА ШТО НИКОЈ НЕМА ВАКВО ДЕРБИ!




