Хрватскиот интернационалец Дарио Срна оваа сезона ,,експлодира” во дресот на Калјари и е еден од најдобрите фудбалери на својата позиција во цела Серија А. На последниот првенствен натпревар Калјари го совлада Интер со резултат од 2:1 каде што Срна беше асистент на победничкиот гол.
Постоеја шпекулации и најави дека би можел повторно да го облече националниот дрес на Хрватска, а по одличните настапи во Италија за тимот на Калјари идејата е се поблиску до реализација. Неколку портали на ,,Апенинскиот Полуостров” ја оценуваа играта на Дарио Срна и добиваше оцени од 7.6 до 7.9 каде го вбројуваа во конкуренција и за играч на колото.



