МЗТ Скопје Аеродром на две кола до крајот на регуларниот дел од сезоната и теоретски обезбедија пласман во плејофот во АБА 2 лигата, а воедно, со оглед на останатите резултати, го дознаа и името на противникот во полуфиналната пресметка од доигрувањето.
Станува збор за босанскиот претставник Спарс, кој е првата пречка кон враќањето во регионалната елита, за што ќе им биде потребно да победат и во финалната серија или пак да бидат подобри во баражот со претпоследниот во АБА лигата. Полуфиналната серија почнува на 20 март, а ќе се игра и на 24 и 28 март. Пласман во големото финале ќе обезбеди екипата која прва ќе стигне до две победи.



