понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

Македонија (У19) ремизираше со БИХ

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
ноември 13, 2019
📁 Фудбал
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Македонската репрезентација до 19 години одигра 0:0 против Босна и Херцеговина во првото коло од квалификацискиот турнир за пласман во Елитна рунда квалификации за Европско првенство. Македонија и БиХ освоија по еден бод и ќе бараат шанса за пласман во Елитната фаза во натпреварите против Англија и Луксмбург. Англичаните со 4:0 го совладаа Луксембург.

На тренинг центарот „Петар Милошевски“ првата прилика нашата репрезентација ја имаше во 12. минута, но ударот на Иван Николов заврши над голот на противникот. Босна и Херцеговина од првата шанса ја погоди пречката од голот на Матеј Андов. По центаршут од корнер на Хасиќ, Мелвин Баришиќ со глава биеше само во рамката од нашиот гол. Во 35. минута, капитенот Агон Елези шутираше од работ на шеснаесетникот, но внимателен беше голманот на босанците. Три минути подоцна, Ѓокановиќ имаше убава позиција да го загрози нашиот гол, шутираше, но одбрани Матеј Андов.

Во вториот дел, БиХ први се заканија преку капитенот Хасиќ кој од добра позиција шутираше над голот. Во 55. минута се обиде, но биеше непрецизно и нашиот Ерсан Хајдари. Две минути подоцна во добра позиција беше и Николов, но не се снајде најдобро во шеснаесетникот на гостите.

Повторно имавме многу среќа во 71. минута кога Станиќ шутираше, но пречката повторно беше сојузник на нашата репрезентација, а во 78. минута одлична интервенција имаше Матеј Андов по ударот на Станиќ, а не успеа ниту Дедиќ во продолжението од акцијата.

До крајот од натпреварот двете репрезентации немаа сериозна шанса за погодок.

МАКЕДОНИЈА до 19 години: 1. Матеј Андов, 2. Георгие Јанкулов, 3. Бојан Димовски (81` Влада Новевски), 4. Јетон Даути, 5. Божидар Митревски (70` Ване Тасевски), 6. Александар Ѓурковски, 8. Агон Елези, 10. Сухељ Мухарем, 11. Методи Макесимов, 17. Иван Николов (75`Арби Воша), 19. Ерсан Хајдари (81`Давид Тошевски); Селектор: Горан Станиќ.

Босна и Херцеговина до 19 години: 12. Белмин Диздаревиќ, 2. Елвир Муминовиќ (65` Амар Дедиќ), 3. Ведад Радоња, 4. Владимир Арсиќ, 5. Адријан Леон Баришиќ, 6. Мелвин Бајровиќ, 7. Кристијан Станиќ, 8. Дал Варешановиќ (65` Мирза Хасанбеговиќ), 10. Ајдин Хасиќ, 11. Амар Јашаревиќ (65` Андрија Дрљо), 20. Андреј Ѓокановиќ (75`Силвио Илинковиќ);

На натпреварот од истата група одигран на стадионот во Ѓорче Петров, топ фаворитот Англија убедливо со 4:0 славеше против Луксембург. На 16. ноември од 13:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“, Македонија игра против Англија, додека во Ѓорче Петров се соочуваат БиХ и Луксембург.

ShareTweet
Претходна вест

ФК Норшеланд – Тимот со просечна возраст од 21 година

Следна вест

Нови 7 гола на Никола Костески, со вкупно 82 осамен на врвот кај стрелците во Австрија

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ
Фудбал

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Ное/2026
Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!
Фудбал

Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Ное/2026
Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!
Фудбал

Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Авг/2026
СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!
Фудбал

СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Авг/2026
Следна вест

Нови 7 гола на Никола Костески, со вкупно 82 осамен на врвот кај стрелците во Австрија

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.