Македонија по првото полувреме имаше водство од убедливи 3-0 со головите на Зибери, Андов и Левески. Во вториот дел гостите за неколку минути ја искористија нашата опуштеност и преку Ставракопулос и Тарлас со два гола изедначија на 3-3.
Но, на две минути до крајот Крстевски со два гола го постави конечниот резултат 5-3 за голема радост на публиката на трибините во СЦ “Јане Сандански”.



