Компанијата Винчини е учесник на втората меѓународна конференција на платформата „Biscuit people“, која оваа година се одржува во Пула, Хрватска.
Biscuit people conference има за цел да ги собере и обедини водечките компании во кондиторската индустрија, независните консултанти и експерти и да поттикне нови истражувања, размена на нивните знаења, искуства како и индустриски иновации.



