Амстердам ја има една од најстарите ботанички градини наречена Hortus Botanicus. Таа е основана далечната 1638 година од страна на градската општина како Hortus Medicus, градина со лековити растенија кои ги користеле лекарите и фармацевтите. Причините за формирање на ваква градина биле многу сериозни, во тоа време градовите Лајден и Утрехт биле зафатени од епидемија на чума со илјадници жртви.
Во втората половина на 17 век Ботаничката градина во Амстердам имала богата колекција на растенија целосно непознати за Европа. Тие тука биле донесени од целиот свет од страна на холанските трговци.
Како изгледа Hortus botanicus денес?
Hortus Botanicus сега е голема и привлечна ботаничка градина во Амстердам, со повеќе од 6000 различни растенија. Некои од растенијата се уникатни како агаве кактусот кој бил стар 2000 години, како и 300 годишниот цикас. Големата нова стаклена градина создава услови за три различни тропски клими. Исто така, направена е и систематска градина во која растенијата се одгледуваат на начин на кој може да се покаже систематската врска меѓу нив и во неа може да се видат 24 монументални дрвја.
Стаклената градина со три различни тропски клими
Стаклената градина со три различни тропски клими
Освен тоа, ботаничката градина има и прекрасно кафуле со голема надворешна тераса во кое посетителите може да се одморат и да си ги раскажат своите импресии.
Па, доколку сте во Амстердам не заборавајте да ја посетите и оваа ботаничка градина која плени со својата убавина.







