Пред неколку дена Андреј Кириленко познaтиот НБА кошаркар и руски репрезентативец, а сегашен предводник на кошаркарската федерација на Русија наполни 38 – години и воедно наместо да го прослави во свечена пригода, самиот тој присуствуваше на тренинг на репрезентативната селекција и имаше средба со кошаркарите.
Кириленко имаше и мини интервју со новинарите и зборуваше за претстојниот натпревар помеѓу Русија и Македонија во Перм. Познатиот ,,Калашњиков” за Македонија кажа дека е типична екс југословенска школа на кошарка во која што секој си го знае своето место асистира и има прецизен шут.
Во меѓудругото тој не сакаше да споредува натпревари од времето кога тој играл и сега бидејќи физиономијата на двете селекции се менувала постојано.
извор и фото: https://kfsm.mk/



