Олимпик Лион по првиот 1/8 финален меч на домашен терен против Барселона одигра 0:0 и се понадева на елиминација на каталонскиот тим, но на гостувањето доживеа дебакл и висок пораз од 5:1. Капитенот на Олимпик Лион Набил Фекир изјави после натпреварот и раскажа како е да се игра против Лионел Меси.
Во изјавата тој вели: ,,Одигравме квалитетен меч, но противничкиот најдобар фудбалер не овозможи било каов наш успех. Тој (Меси) кога не постигнува голови, тогаш асистира, потоа разигрува. Невозможно е да се игра против него. Едноставно брилијантен е” кажа на крај Фекир за аргентинецот.



