Вчера на клупата на Реал Мадрид свое враќање имаше Зинедин Зидан и на натпреварот против Селта Виго неговиот тим победи со резултат до 2:0 со погодоците на Иско и Бејл. За Зидан овој меч беше под број 150 предводејќи го кралскиот клуб до сега.
Барселона на Реал Мадрид му бега цели 12 бода на 11 кола до крајот на шпанската Примера. Зидан на фудбалерите им го објаснил начинот на кој што сака да играат и при тоа му кажал дека треба да се обидат во наредните 11 кола да освојат вкупно 33 бода, што во превод значи дека сите натпревари до крај треба да ги добијат во своја полза и да чекаат кикс на Барселона, што е навистина невозможна мисија за реализација.



