Заврши преодниот рок во Европа, а најголемите тимови беа тивки овој преоден рок, а во петте клубови кои потрошија најмногу овој период се Херта Берлин која беше најактивна и потроши дури 78 милиони евра.
Во Бундес тимот потпишаа фудбалерите: Пјонтек од Милан за 27 милиони евра, потоа Тусарт од Олимпик Лион за 25 милиони, Куња од Ред Бул Лајпцинг за 15 милиони и Аскасибар од Штутгард за 11 милиони евра.
Втор на листата по потрошени средства е Наполи со 65.5 милиони евра. А во клубот за кој настапува Елиф Елмас потпишаа: Петања и Рахмани кои дури на лето ќе се приклучат во клубот, а сега веќе во тимот се фудбалерите Лоботка, Деме и Политано кои клубот ќе го чинат 65.5 милиони евра.
Трет на листата е Монако кој средствата ги потроши на млади и талентирани фудбалери. Туамени, Јусуф Фофана, Марселин, Павловиќ и Мајецки клубот ќе го чинат цели 65 милиони евра. Павловиќ и Мајецки до крај на сезоната ќе останат на позајмица во Партизан, односно Легија од Варшава.
Иако Манчестер Јунајтед купи само еден фудбалер, а тоа е Бруно Фернандес од Спортинг Лисабон сепак се најде на четвртото место на листата затоа што трансферот изнесуваше 55 милиони евра. За англискиот тим потпиша и нигериецот Игало, но тој сепак дојде само на позајмица.
Петти на листата на потрошувачи е ,,фенерџијата” во Примера, тимот на Еспањол кој потроши 40.5 милиони евра на Раул Де Томас од Бенфика за 20 милиони, Ембарба од Рајо Ваљекано за 10 милиони, Каврера од Гетафе за 9 милиони и за 1.5 милиони евра потпиша голманот Олазабал се со цел опстанок во лигата.



