Риан Бревстер е млад фудбалер кој нема можност за минутажа во Ливерпул и во овој зимски преоден рок беше препратен на позајмица во велшки Свонси.
Бревстер одигра два натпревари за новиот клуб и веднаш доби на внимание, а тоа се случи кога на судијата Грегори Елтринхам му испадна од џебот жолтиот картон, а младиот фудбалер го зеде картонот и симболично на арбитарот му покажа жолт картон, што веднаш доби на овации од присутните гледачи.
Ситуацијата да биде уште поинтересна се потруди главниот судија Елтринхам кој неколку минути подоцна му додели жолт картон на Бревстер од оправдани причини поради остар старт на противнички играч.



