Зинедин Зидан се врати на клупата на Реал Мадрид откако минатата сезона си замина бидејќи сметал дека на клубот му треба промена. Сепак по неуспешните авантури на Лопетеги и Солари, францускиот стручњак ќе треба да го гаси ,,пожарот” во кралскиот клуб.
Оваа сезона е веќе завршена што се однесува до трофеите, но ќе му биде од корист да ја врати екипата во правилен колосек, да ги мотивира фудбалерите и да направи анализа кој ќе замине, а кој фудбалер и на која позиција ќе му бидат потребни засилувања.
Зинедин Зидан е презадоволен од неговото назначување како прв тренер на Реал Мадрид и изразува задоволство што повторно ќе го предводи најпознатиот клуб во светот, додека претседателот Флорентино Перез на пресконференцијата кажа дека Зидан е најдобриот тренер во светот.



