Во рамките на 27. коло од италијанската Серија А, на ,,Олимпискиот стадион” во Рим, тимот на Рома го совлада Емполи со 2:1. Погодоците беа постигнати уште во првиот дел, каде што голот за водство во 9 минута го постигна Ел Шарави, гостите со автоголот на Хесус израмнија на 1:1. а победничкиот гол го постигна чехот Шик.
На овој натпревар свое деби имаше Клаудио Раниери на клупата на Рома и првиот меч триумфално го заврши. Сепак Рома тешко стигна до трите бода затоа што во 79. минута втор жолт картон доби Флоренци, а со тоа и црвен картон, па домаќините до самиот крај беа во дефанзива. Во самиот финиш на мечот Круниќ постигна гол за измрамнување, но по прегледување на ВАР-системот, главниот судија го поништи голот поради претходно играње со рака.
Видео: Рома 1 – 0 Емполи стрелец Ел Шарави
Видео: Рома 1 – 1 Емполи стрелец Хесуз (автогол)
Видео: Рома 2 – 1 Емполи стрелец Шик
Видео: Поништен голот на Круниќ по прегледување на ВАР-системот



