Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев имаше интервју со италијански ,,Gazeto delo sport” во кој што зборуваше за својата иднина и желби кои сака да ги оствари до крајот на фудбалската кариера. Пандев кој има 35-години сеуште игра на високо ниво, а посакува со репрезентацијата на Македонија да се пласира на Европско првенство и уште една сезона да одигра во Џенова и Серија А, а во случај да не му понуди тимот договор, кариерата ќе ја продолжи во друг клуб.



