Денешната ждрепка во Нион,Швајцарија ги комплетира паровите за 1/8 финалето во Лига Европа. Хрватски Динамо Загреб предводени од капитенот Аријан Адеми по својот историски успех во наредната фаза ќе се соочи против португалска Бенфика, која пак го елиминира во претходната фаза Галатасарај.
На ,,Модрите” од ,,Максимир” ги очекува тежок предизвик, но со игрите кои ги прикажуваат ништо за нив не е недостижно. Првите натпревари на распоредот се на 7-ми март, додека реваншите на 14-ти март. Во 1/8 финале се следните двојки:
Челзи – Динамо Киев ;
Ајнтрахт Франкфурт – Интер ;
Наполи – Ред Бул Салзбург ;
Динамо Загреб – Бенфика ;
Севилја – Славија Прага ;
Валенсија – Краснодар ;
Зенит Санкт Петерзбург – Вилјареал и
Арсенал – Рен.



