Аек Ларнака го потврди пласманот во 1/4 финалето од кипарскиот куп, каде што по првиот дуел имаа победа од 2:1, за сега на реваншот повторно го совладаа тимот на Неа Саламис овој пат со 2:0 со головите на Иван Тричковски во 22. минута и на Акоран во 59. минута.
Домашните фудбалери влегоа сериозно со константен притисок кон противникот, а таквата игра резултираше со неколку зрели шанси и канонада од удари кон противничкиот гол. Една од шансите реализира и Тричковски и само ја потврдува својата голгетерска форма.
Во финишот на натпреварот после водстото од 2:0 фудбалерите на Аек се опуштија и тоа можеше да ги чини примен гол, но стоперот на домашните Даниел Мојсов од гол линија со лизгачки старт спречи да се тресе домашната мрежа. Ако Тричковски е задолжен за голови, Мојсов е тој кој е командант во одбраната на Аек Ларнака.



