понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна РАЗНО

TOW#474 – Дали сте просечен работник

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
јануари 31, 2019
📁 РАЗНО
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга
Работниците се делат на просечен и ориентиран кон резултати. Нормално, има милион други поделби, но оваа е онаа првата поделба. И, ако прашате кого било или, пак, се запрашате самите себеси – Кој од овие две личности сте вие? Јас сум сигурен дека секој од нас/вас ќе каже дека е личност на која му се важни резултатите, но дали е навистина така?
Сакам да споделам со вас неколку карактеристики за просечните работници кои ги имам забележано во текот на мојот работен век, но ги имам и „прочитано“ и со кои се согласувам. Просечниот човек:
– Живее во комфорна зона – најубавата зона во која најголемиот број од вработените живеат и функционираат, и затоа е ставено прво!
– Се адаптира во работната околина многу брзо и не дава придонес за промени – седи мирен (ова не значи дека треба да е бучен за да е спротивно) и ако е нов, брзо се прилагодува на атмосферата, но најчесто на неубавите работи и не дава придонес за поправање на истите, му/и одговараат, зашто би?
– Воден е од страв – баш поради стравот да не ја изгуби работата, да не направи некоја беља, да не го искараат е просечен и не дава повеќе од себе, што е нормално (стравот лозјето го чува).
– Според него, можете да го мерите времето, доаѓа на работа точно во одредено време и си оди во точно одредено време – да се договориме, не велам дека и другите не се такви, но за оваа личност е карактеристично ова: во времето кога треба да си оди, остава сè (недовршено) и си оди. Демек, што е до мене, толку е!
– Тоа што му/и е доверено, го сработува и толку – нема да добиете повеќе од тоа или некоја идеја за подобрување на доверената задача или како во иднина побргу да се заврши. Едноставно, без иницијатива за нешто подобро.
– Социјални медиуми – трошат многу (непотребно) време на социјалните медиуми. Проверуваат константно што има „ново” постојано и тоа го прават кога имаат, но и кога немаат многу време…
– Внимание – многу лесно им се одвлекува вниманието и концентрацијата, односно им треба многу долго време да се вратат назад на она што навистина треба да го сработат.
– Чит/Чат – премногу време инвестираат во муабети кои се рекла/кажала, да не кажам и дека многу озборуваат. За секоја тема имаат знаење и активно учествуваат во неа.
– Прибелешки – забораваат дека имаат ограничен капацитет за меморирање на нештата и лесно ги забораваат. На состаноци никогаш или ретко носат нотеси за да прибележат работи кои се важни за нив и за нивната работа.
– Време – немаат концепт за времето и поради тоа, следењето на времето им е здодевно. Затоа и не знаат на што потрошиле најмногу време. Времето е можеби необновлив ресурс и затоа е потребно да се искористи што е можно поефикасно, но тие најчесто го трошат на:
o Телевизија
o Телефон
o Игри
– Критичко размислување – бидејќи нивната ангажираност во работата е мала и никогаш или многу малку прашуваат, не ни треба да се очекува дека ќе имаат критичко размислување за работите и предлози за нивно подобрување.
И сега, ако ги погледнете погоре наведените работи, се пронаоѓате во некои од нив? Ако ДА, тогаш, менувајте се под итно! Немојте да бидете како другите, бидете различни од нив и дајте иницијатива.
Со успех во промените,
@kalinbabusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
ShareTweet
Претходна вест

(Видео) Каролина ја доби наградата за “Најдобра етно нумера” на MAC Awards

Следна вест

(Видео) Тричковски се запиша во листа на стрелци и Аек го одведе во 1/4 финале

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга
РАЗНО

Пристигна најновата летна колекција во Бутик НИКИ во Струга

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
08/Јул/2024
ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци
НАСТАНИ

ПРЕКРАСНО! Ученици донираа апарат за анализа на крв за мали деца и бебиња во болницата во Кавадарци

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
17/Дек/2023
Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада
ЗАБАВА

Македонија ги собра медалите на математичката олимпијада

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Јул/2023
Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра
МАГАЗИН

Неверојатно! Се продава Lada Niva од 1980 година за 265.000 евра

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
24/Мај/2023
Следна вест

(Видео) Тричковски се запиша во листа на стрелци и Аек го одведе во 1/4 финале

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.