Во реванш натпреварите од Купот на Кипар, Аек Ларнака и на реваншот дојде до победа овој пат од 2:0 со головите на Иван Тричковски во 22 минута и на Акоран од 59 минута, додека на првиот меч Аек победи со резултат од 2:1 и со вкупни 4:1 се пласираа во 1/4 финалето.
Аек Ларнака уште на стартот на мечот сериозно си ја сфати работата и тргна во офанзива и имаше канонада на удари од кои што два завршија во мрежата на Неа Саламис. По вториот постигнат гол домашните фудбалери се опуштија во втората половина од натпреварот и тоа можеше да ги чини примен гол, но Даниел Мојсов со правовремена интервенција и со лизгачки старт спречи од самата гол линијата противникот да не постигне почесен гол.
Двајцата македонски интернационалци се во врвна форма, каде што Тричковски е задолжен за постигнување на голови, додека Мојсов е командант на одбраната и се класифицира како еден од најдобрите стопери што заиграл во кипарското првенство.



