Фамозниот боксер Тајсон Фјури е пред ново искушение. Британецот, познат како „Џипси Кинг” на 31. октомври ќе се соочи со „Чудовиштето помеѓу луѓето” – Браун Строумен. Борбата биде во рамките на платформата „WWE” позната како кечери. Анимозитетот помеѓу двете суперѕвезди настана пред две недели кога Строумен го фрли својот противник Долф Зиглер кон Фјури кој седеше во првиот од публиката.
Фјури до сега нема пораз. Имаше 30 борби, од кои 29 победи и едно реми. Дваесет победи ги добил со нокаут. Ова ќе му биде прво искуство во кечерските води.
Освен дуелот помеѓу овие две атлети, значајно внимание ќе донесе и дуелот помеѓу две УФЦ ѕвезди – Брок Леснар и Каин Веласкез.



