Во првиот натпревар од 1/4 финалето на Копа Дел Реј на стадионот ,,Санчез Писхуан” тимот на Севилја дојде до триумф од 2:0 против Барселона. Повторно Валверде изведе состав без Лионел Меси како и на претходниот меч од купот против Леванте и повторно заработи пораз и ќе има големи потешкотии да ја анулира негативата од првиот меч.
Барселона играше без услугите на неколку првотимци и тоа: Меси, Бускетс, Тер Штеген, Кутињо, а во вториот дел шанса добија Алба, Луиз Суарез и Кутињо. Затоа Севилја го искористи фактот што гостите не одиграа на високо ниво и дојдоа до голема победа со головите на Сарабија во 58 минута и Бен Једер во 76. минута. Се покажа повторно дека Барселона со и без Меси не е истиот тим на теренот.
Видео: Копа Дел Реј 1/4 финале прв натпревар, Севилја 2 – 0 Барселона



