Аргентинскиот 31-годишен напаѓач Гонзало Игуаин е новото засилување во нападот на Челзи. Менаџерот Маурицио Сари одамна го посакуваше овој голгетер во тимот затоа што во времето кога беа заедно во Наполи имаа одлична соработка.
Игуаин доаѓа на позајмица до крајот на сезоната во тимот од ,,Стемфорд Бриџ”. Јувентус го имаше позајмено во Милан и во првиот дел на Серија А постигна 8 погодоци за тимот, а сега ќе ги тресе мрежите во Премиер лига.
,,Кога ми се отвори можност да заиграм за Челзи веднаш прифатив. Тоа е тим кој отсекогаш ми се допаѓал исто така и стадионот на кој игра. Сега се надевам дека ќе ја оправдам довербата и дека ќе се прилагодам што побрзо” – изјави Игуаин на претставувањето во Челзи пред медиумите.



