Во групата Г од квалификациите за ЕУРО 2020 во првото коло се одигра дербито помеѓу Австрија и Полска каде што полјаците со голот на резервистот Кшиштоф Пјатек дојде до премиерни три бода.
Пјатек беше џокерот од клупата кој на најдобар начин ја искористи шансата која ја доби за настап во вториот дел. Во една мешаница пред голот на Австрија во 69 минута напаѓачот на Милан се најде на вистинско место за победнички гол со кој што ја продолжува серијата на голови од клупските настапи.
⚽️ GOOAL PIATEK !!! 🔫
🇦🇹 Austria 0⃣ – 1⃣ Poland 🇵🇱pic.twitter.com/KzeqyeXmBs— TeamMilanAC (@TeamMilanAC) March 21, 2019



