Чикаго Блекхокс, во својот „Јунајтед Центер“ ја пречека екипата на Њу Јорк Ренџерс. Ренџерс поведоа во првата третина со голот на Филип Читил, а во втората третина, Чикаго израмни на 1-1 преку Доминик Кубалик. Во третата третина беа постигнати вкупно седум голови од кои два за Чикаго и пет за Њу Јорк Ренџерс. За домаќините погодија Кубалик (по втор пат на натпреварот) и Дрејк Каџула. Од гостинската екипа, мрежата ја затресоа Павел Бучневич, Рајан Сторм, Крис Крајдер, Артеми Панарин и Миха Зибанејад. Конечниот резултат изнесуваше 3-6.
После овој натпревар, Ренџерс се наоѓаат на единаесеттото место на Истокот, додека Чикаго, со својата серија од две победи на последните десет натпревари, е дванаесетта екипа на Западот.



