Во рамките на унгарската прва лига тимот на Мол Фехервар триумфира рутински на гостински терен со резултат од 1:3 против ДВТК и повторно се врати на врвот на табелата. Еден од јунаците на овој меч беше репрезентативецот Бобан Николов кој токму тој во 86 минута го постави конечниот резултат.
Николов во таа 86 минута направи дар-мар во противничката одбрана и постигна ефектен гол, инаку прв негов во оваа сезона. Македонскиот репрезентативец во голем стил успешно ја заврши акцијата со погодок. Во победничкиот табор цел натпревар одигра и репрезентативниот стопер Висар Муслиу.



