Во дербито на колото во Првата ЖКЛ на домашен терен во Струга тимот на ЖКК Струга 2009 славеше минимална но сосема заслужена и голема победа во дербито на колото против тимот на ЖКК Баскет Кам со резултат од 56:55 по четвртини ( 15:11,14:16,15:08 и 12:20).
Со овој триумф струшките кошаркарки го презедоа третото место на табелата со ист број на бодови како и второпласираниот Бадел со 11 бода. Во победничкиот табор најефикасна заврши Модева со 21 поен, додека кај гостинската екипа се истакна Димитровска со 23 поени.
ЖКК Струга 2009: Модева 21 поен, Чолакоска 12, Стојановска 8, Устијаноска 6, Пешиноска 4, Зендели 3 и 2 поени зад своето име запиша Белеска.



