Екипата на Далас Маверикс, во првиот свој натпревар после „Ол-Стар“, гостуваше во Флорида кај екипата на Орландо Меџик. Маверикс беа поуспешни со 106-122, а главен „виновник“ беше Лука Дончиќ. Словенецот беше најефикасен играч на натпреварот со 33 поени, 10 скокови и 8 асистенции. Од тимот на Орландо, најефикасен беше Еван Фурние со 28 поени, 2 скокови и 1 асистенција.
За Орландо, ова беше прв пораз после серијата од две победи односно деветти пораз во последните дванаесет натпревари. Од друга страна, по враќањето на Дончиќ, Далас забележа две последователни победи. На Истокот, Орландо е осмопласирана екипа, додека Далас е шестопласиран на Западот.



