Далас Старс и Ст. Луис Блуз го одиграа дербито во НХЛ кое воедно одлучи и за првата позиција на табелата. Пред почетокот на натпреварот, Ст. Луис беше првопласиран со два бода предност пред второпласираниот Далас. Ст. Луис беше во очајна серија од само три победи на последните дванаесет натпревари, но во овој натпревар влезе позитивно со две победи во низа.
Од самиот почеток на натпреварот, Ст. Луис имаше иницијатива и во воведните минути на третата третина, веќе водеше со 0-5. Стрелци на головите беа Александер Стеен, Дејвид Перон, Џордан Кајру, Џејден Шварц и Цолтон Парајко. До крајот, Далас преку Џејми Олексиак успеа да дојде само до почесен погодок и да го постави крајниот резултат од 1-5.
После овој натпревар, Ст. Луис се издвои на врвот, а Далас падна дури на третото место имајќи во предвид дека Колорадо славеше со 0-1 против Анахајм Дакс.



