Единствениот дуел од денешната НБА програма што беше решен после продолжение беше оној во кој силите ги одмеријата Далас Маверикс и Њу Орлеанс Пеликанс. После неизвесниот регуларен дел, резултатот изнесуваше 112-112. Во продолжението, Далас беше подобар со 15-11 за конечен резултат од 127-123. Најефикасен играч на мечот беше Криштапс Порзингис со триесет и четири поени. Лука Дончиќ направи нов трипл-дабл учинок со триесет поени, седумнаесет скокови и десет асистенции. За Словенецот, ова е вкупно дваесет и втори трипл-дабл во дресот на Далас со кој стана рекордер во историјата на овој тим поминувајќи го Џејсон Кид.
После овој натпревар, Далас остана на седмата, а Пеликанс паднаа на дванаесеттата позиција во Западната конференција.



