Називот „Руски класик”, во оваа сезона од Континенталната Хокеарска Лига, го носи натпреварот одигран помеѓу СКА и ЦСКА на отворен стадион пред енормен број на публика.
Вчерашниот натпревар беше одигран на „Газпром Арена” (стадионот на ФК Зенит) во Санкт Петербург, но под затворен покрив поради лошите временски прогнози. Натпреварот во живо беше проследен од 61 810 гледачи. СКА и ЦСКА се наоѓаат на највисоките две позиции во Западната Конференција на КХЛ, па забавата беше загарантирана.
ЦСКА победи со само 0-1 иако имаше голема борба и многу добри шанси и на двете страни. Во првиот дел, гостите преку Веј и Барабанов погодија две пречки и беа на сантиметри од водството. Сепак, поведоа преку голот на Калинин по асистенција на Слепишев во деветтата минута од втората третина.
ЦСКА со оваа победа ја превзема првата позиција од СКА благодарение на предноста од еден поен. Во своите дивизии и двете екипи се наоѓаат на првото место.



