Уште во седмото коло од новата сезона во босанската Премиер Лига се „судрија” жестоките градски ривали и конкуренти за титулата – Железничар и Сараево.
Натпреварот почна одлично за Сараево – уште во првата минута стигнаа до водството преку Хебибовиќ. Во продолжение Железничар нападна и Крпиќ уште во 7. минута го израмни резултатот, а пола час подоцна направи целосен пресврт. Во последната минута од полувремето, Сиповиќ си заби автогол и го израмни резултатот на 2-2.
Во второто полувреме имаше доминација од „Сините”. Постигнаа три гола – Бојо во 60., Садиковиќ во 76. и Алиспахиќ во 93. минута за конечен резултат од 5-2 и превземање на приматот во лигата.
Сараево со овој пораз падна од првата на третата позиција, а измеѓу сараевските ривали се наоѓа екипата на Тузла Сити која на гол-разлика е поуспешна од Сараево.



