Барселона лошо ја започна новата сезона во Примера, каде што по три одиграни кола има една победа, пораз и реми. Ремито од 2:2 го одигра на последниот првенствен натпревар на гостувањето во Памплона против тимот на Осасуна.
Барселона во никој случај не може да биде задоволна од освоениот бод, но баш на овој меч каталонците испишаа историја, односно нивниот 16-годишен тинејџер, Ансу Фати во 51. минута постигна гол за во тој момент од 1:1 и со тоа постана најмлад стрелец за Барселона, а трет најмлад во историјата во цела Примера. Бојан Кркиќ го имаше приматот, но од сега Фати ќе биде запишан на оваа престижна листа.



