Во градското дерби во Серија А, познато уште како ,,Дела Мадонина” на ,,Сан Сиро”, условно како гостин Интер го порази Милан во ефикасен меч со резултат од 2:3. Први во водство беа ,,Нероаѕурите” кога Весино од само неколку метри од голот на празна мрежа не му беше тешко да постигне водечки гол за 0:1.
На стартот на второто полувреме дефанзивецот Де Вриј зголеми на 0:2 во 51 минута, а ,,Росоњерите” со голот на Бакајоко намалија на 1:2 во 57 минута. Кога се очекуваше Милан да притисне се со цел да стигне до израмнувачки гол, сепак за гостите во 67 минута имаше пенал кој успешно го реализира Лоутаро Мартинез.
Конечниот резултат на 2:3 го постави стоперот Мусакио. Со овие три бода сега Интер го презеде третото место на Милан и до крај на првенството главна цел на двата тима ќе биде да се пласираат во Лига шампиони.



