Во премиерлигашкиот натпревар Ливерпул на гостувањето во Лондон на стадионот ,,Крејвин Котич” славеше важна победа над Фулам со резултат од 1:2 во борба по шампионската титула. Тимот од Енфилд поведе со голот на Садио Мане во 26 минута, а израмнувачки гол за Фулам постигна Рајан Бабел во 74 минута кога ја искористи катастрофалната грешка на најскапиот дефанзивец Вирџил ван Дајк за во тој момент 1:1 и поради што дел од својата кариера го помина во црвениот дрес на Ливерпул одби да го прослави голот.
До крајот на Мечот со голот од пенал преку Милнер Ливерпул дојде до трите бода, а домашниот тим остана закован на претпоследната позиција на табелата со мали шанси да го избори опстанокот во лигата.
Видео: Рајан Бабел одби да го прослави голот



