На ,,Ноу Камп” блесна нова ѕвезда, а тоа беше новото засилување Антоан Гризнам кој со двата погодоци и една асистенција донесе победа од 5:2 над Реал Бетис. По првото полувреме водеше Бетис со голот на Фекир, а во вториот дел Гризман се превзема во свои раце и донесе значајна победа. За истакнување е тоа што во тимот поради повреди ги немаше најголемите ѕвезди на тимот, Луис Суарез и Лионел Меси.



