Бојана Иванова веќе шест години активно ја гради својата тренерска кариера и има стекнато УЕФА А лиценца. Иванова после петгодишно водење на своја приватна фудбалска школа, веќе една полусезона е во тимот на гевгелиски ФК Кожув и е задолжена да создава нова генерација на фудбалери кои подоцна ќе го носат дресот на својот клуб.
Иванова освен тренерски ангажман во клубот, таа е и во стручниот штаб на женската репрезентација до У-15. Со своето залагање и следење на тренерските методи и трендови ќе се обиде во Кожув да го подигне квалитетот на тренингот и да придонесе што повеќе фудбалери да напредуваат во кариерата.
Иванова ја има генерацијата родени фудбалери 2013/2014 година и има околу 22 млади талентирани дечиња на располагање. На оваа возраст нема систем на натпреварување, а во иднина ќе се вклучат во понатамошниот тек на натпреварување.



