Под називот ,,Светски голф шампионат” спаѓаат вкупно четири професионални голф турнири (Кина, Мексико, Тексас и Тенеси) кои се во склоп на ПГА Тур.
Првиот овосезонски Светски голф шампионат, оддржан во Кина, го освои Рори МекИлрој.
Изминатиот викенд, во Мексико, се оддржа и вториот овосезонски турнир. После првиот ден, Рори МекИлрој беше водечки со (-2) поени предност во однос на Баба Вотсон и Џастин Томас. Вториот ден, МекИлрој падна дури на шестата позиција, а Брајсон ДеШамбо, со неверојатната серија од (-8) поени го превзема водството. Американецот имаше вкупни (-11) поени и (-1) предност пред Патрик Рид и Ерик Ван Роојен. Џастин Томас со освоени (-6) поени односно вкупни (-15), блесна третиот ден и го заврши на првата позиција. Рид и Ван Роојен, на второто место, имаа заостаток од (-1). Последниот ден помина во знакот на Патрик Рид кој со серија од (-4) стигна до недостижни (-18) поени и го освои турнирот. За Американецот, ова е вкупно осма титула во кариерата, а воедно и втор триумф на Светските голф шампионати. Првиот негов освоен Светски голф шампионат датира од 2014 кога беше најдобар во Мајами. На втората позиција заврши ДеШамбо (-17), а третото место го поделија Ван Роојен и Џон Рам (-15). МекИлрој, со (-14), заврши како петтопласиран. Мексиканецот Абрахам Ансер заврши на дванаесеттото место, а воедно го постигна најдобриот пласман за мексикански голфер на Светскиот голф шампионат во Мексико.
Наредниот Светски голф шампионат ќе се оддржува во Тексас од 26. до 29. март.



