Последниот НБА дуел за изминатата недела го одиграа екипите на ЛА Лејкерс и Бостон Селтикс. Првото полувреме од натпреварот, ЛА Лејкерс го поминаа целосно со резултатска позитива на својата страна. Во второто полувреме, екипите го менуваа водството во неколку наврати, а на крајот славеа домаќините од Лос Анџелес со 114-112. Најефикасен играч на мечот беше Џејсон Татум (Бостон) со неверојатни четириесет и еден поен, пет скокови и две асистенции. Кај Лејкерс, најефикасен беше Ентони Дејвис со дабл-дабл учинок односно 32 поени, тринаесет скокови и три асистенции. ЛеБрон Џејмс запиша дваесет и девет поени, осум скокови и девет асистенции.
Лејкерс ја запишаа и петтата победа во низа што ги остава на врвот на Западната конференција, додека Бостон прекина серија од две врзани победи и ја завзема третата позиција на Истокот.



