Шангај е еден од четирите „градови-покраини“ во Кина и најголем самостоен град во светот. Самиот град се наоѓа во провинцијата Џиангсу.
Шангаj е најголемиот град во Кина. Населението му брои 13.271.000 жители, а заедно со околината брои 17.420.000 жители. Самиот град се состои од повеќе градски населби, а меѓу нив има и такви кои се делат на англиски, француски, американски, заедно со кинеската развиена архитектура. Се наоѓа на делтата на реката Јангцекјанг. Името „Шангај“ буквално означува „на море“. Градот го пресекува и реката Хуангпу. Во почетокот Шангај бил тивко риболовно гратче, но до почетокот на 20 век Шангај станува најважниот град во Кина. Како трговски град е познат уште од 12 век, но дури по поразот на Кина во Првата опиумска војна (1839-1842) започнува да се отвара за европското население, поради кое брзо и се развива.



