Дербито на шестото коло во Чемпионшип се одигра во Лидс кадешто гостуваше Свонси. Пред почетокот на дуелот овие две екипи беа првопласирани, но тоа се смени после овој натпревар.
Лидс доминираше цело време, но Свонси стигна до победата со голот на Вејн Ратлиџ во 90. минута. Алиоски беше стартер, но во 83. минута му го отстапи местото на Даглас.
Со оваа победа Свонси го превзема првото место, а Лидс падна на третото. Меѓу нив се вметна Чарлтон кој со 0-2 славеше во Рединг.
Останати резултати:
Кардиф 1-1 Фулам
Бирмингем 2-1 Стоук
Брентфорд 3-0 Дерби
Лутон 2-1 Хадерсфилд
Милвол 1-1 Хал
Нотингем 1-1 Престон
Рединг 0-2 Чарлтон
Шефилд Венсдеј 1-2 КПР
ВБА 3-2 Блекбурн
Виган 0-0 Барнсли



