Зорица Десподовска го водеше својот тим Кобержице до победа против Келце со 31:20 во првенството на Полска. Македонската интернационалка беше најдобра во победата на својата екипа со 8 голови и сосема заслужено беше прогласена за МВП на овој натпревар.